Најголемата опасност по македонскиот гол на вечерашниот дуел со Албанија во Струмица, без сомнение доаѓа од членот на полската Легија Варшава, Армандо Садику.
Садику минатата сезона, заедно со нашиот Езгијан Алиоски, беа најдобриот офанзивец тандем во Швајцарија во дресот на Лугано. Сега и двајцата на различни страни, но и тоа како останаа добри пријатели.
„Алиоски ми е навистина добар пријател. Речиси секојдневно се слушаме на телефон…. Сега не чека натпревар еден против друг. Му кажав дека ќе постигнам гол во Струмица, и му порачав кога ќе прославувам да дојде со мене да се радувам. Нормално, се шегувам со него…“ – вели Садику пред вечерашниот натпревар кој стартува од 20:45 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА