Садио Мане „бега“ од Роналдо и оди кај Бензема

Садио Мане требаше да биде второто мегазасилување на Ал Наср по Кристијано Роналдо, но поранешниот фудбалер на Ливерпул и на Баерн Минхен не ги оправда очекувањата.

Мане не се снајде најдобро во сенката на Португалецот, па веќе побарал да ги смени клупските бои, а последните информации говорат дека Садио нема да си замине од Саудиска Арабија. Ал Итихад е клубот што покажал сериозен интерес за услугите на искусниот голгетер, испраќајќи и официјална понуда за позајмица на Мане на една сезона. Главната ѕвезда на тимот, Карим Бензема, дал поддршка за ваквата идеја, не криејќи дека во Мане гледа идеален партнер во нападот.

Значаен фактор во преговорите ќе биде и Бразилецот Фабињо кој настапуваше заедно со Мане во дресот на Ливерпул и кој веќе почнал со „флерт“ за да го убеди Сенегалецот да му се приклучи во Ал Итихад.

Раководството на Ал Наср сериозно размислува да ја прифати понудата за позајмица, со што би се отворило место за уште едно странско засилување со кое оваа екипа би го предизвикала шампионот Ал Хилал во трката за титулата во новата сезона.

Се вчитува...