Садио Мане е добитник на „Сократес“ – Награда за хуманост!

Репрезентативецот на Сенегал и напаѓач на Баерн Минхен, Садио Мане е добитник на наградата „Сократес“ која дебитира на гала-вечерта, а е во организација на Франс Фудбал.

Станува збор за признание кое се добива за хуманитарни активности вон фудбалските терени. Садио е познат по помагањето на својата земја, откако во неколку наврати донираше дел од платата за изградба на школи и болници.

Мане е првиот добитник на „Сократес“. Наградата му ја додели легендарниот Дидие Дрогба.

Се вчитува...