Садио Мане избран за најдобар африкански фудбалер

Сенегалскиот интернационалец, Садио Мане по втор во кариерата е прогласен за најдобар африкански фудбалер. Новиот фудбалер на Баерн Минхен пред три години го доби истото признание, а годинава наградата ја заслужи со одличните партии во Ливерпул и репрезентацијата на Сенегал.

Тој со Сенегал ја освои титулата во Африканскиот куп на нации и се пласираше на Светското првенство, додека со Ливерпул беше шампион во Лига и ФА купот, а играше финале во Лигата на шампионите.

Второто место на изборот му припадна на Мохамед Салах, додека трет беше голманот на Челси, Едуард Менди.

Се вчитува...