Садио Мане откри за кого навива: Денеска сите сме Хрватска

Садио Мане поради повреда го пропушти светскиот шампионат во Катар, но сенегалскиот капитен будно ги следи случувањата на овој шампионат.

Тој со нетрпение го очекува полуфиналниот дуел меѓу Аргентина и Хрватска, на кој искусниот голгетер ќе навива за „коцкестите“.

„Денеска сите сме Хрватска. За мојот брат Јосип“, напиша Мане на својот профил на социјалните мрежи.

Поздравот е до хрватскиот репрезентативец Јосип Станишиќ, 22-годишниот соиграч на Мане од Баерн Минхен, кој нема одиграно ниту една минута за „коцкестите“ на овој светски шампионат.

Се вчитува...