Не е Мохамед Салах, туку Садио Мане. Египетскиот интернационалец се најавуваше како големо засилување за Реал Мадрид ова лето, но очигледно дека ќе пристигне неговиот соиграч од Ливерпул, кој исто така поседува неверојатна брзина. Мане беше и стрелец на голот за Ливерпул против “кралскиот клуб” во финалето на Лигата на шампионите.
Информациите од Шпанија велат дека речиси се е договорено, а на стадионот на Реал Мадрид се подготвува бината. На таков начин традиционално се претставуваат новите засилувања на шпанскиот гигант.
Садио Мане треба да потпише петгодишен договор со Реал Мадрид. Шпанскиот клуб е во потрага и по нов тренер откако Зинедин Зидан си замина по освојувањето на третиот последователен триумф во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА