Поранешниот прв светски рекет, Русинот Марат Сафин, верува дека Новак Ѓоковиќ на крајот на кариерата ќе има повеќе „грен-слем“ трофеи од Роџер Федерер.
„Мислам дека Новак ќе го премине Федерер. Има 32 години и има уште многу време да го направи тоа. Секако се зависи од многу фактори, но ако биде здрав и продолжи да игра вака тоа сигурно ќе се случи. Мислам дека може да игра до 40. година“, вели Сафин.
Досега во кариерата Роџер Федерер има освоено 20. „грен-слем“ турнири, потоа следува Надал со осумнаесет, а на третото место на вечната листа е Србинот кој има вкупно 16 трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА