Сага „Душан Влаховиќ“ – сега нов Србин во Јувентус!?

Сагата за трансферот на Душан Влаховиќ продолжува, а италијанските медиуми не престануваат да пишуваат за тоа каде ќе заврши српскиот напаѓач. Најверојатно Милан, а секојдневно се појавуваат нови детали и опции што ги имаат „росонерите“ и Јувентус.

Преговорите меѓу двете страни наводно се во застој, но тоа не значи дека нема да се постигне договор во август. Размена на играчи е најреалното решение. Влаховиќ во Милан, додека дефанзивец, кој и е потребен на „Старата дама“, би можел да оди во Торино.

Малик Тјао е опција, но како што пишува „Газета дело Спорт“, пореално е дека тоа ќе биде српскиот стопер Страхиња Павловиќ.

Јуве би добил централен дефанзивец во случај на заминување на Даниеле Ругани, додека Милан би ја добил „деветката“, која остана празна откако Лука Јовиќ го напушти клубот.

Се вчитува...