Сагата околку преминот на Марк Кукурелја во Челси е на прагот да добие среќен крај за лондонскиот тим откако шпанскиот фудбалер слета во Лондон каде се подготвува за медицинските прегледи по кои и официјано ќе биде претставен на „Стемфорд Бриџ“.
Во текот на вчерашниот ден доброупатениот Фабрицио Романо објави дека англиските клубови ја договориле соработката, но Брајтон експресно демантираше. Сепак трансферот ќе биде остварен со што Челси ќе стигне до големо засилување во пресрет новата сезона.
Бекот претходно беше поврзуван со трансфер во Манчестер Сити и воедно беше голема желба на Пеп Гвардиола, но Брајтон не ја прифати понудата на „граѓаните“. Од целата ситуација профитираше Челси кој за услугите на Шпанецот ќе плати над 60 милиони евра, а во трансферот ќе биде вклучен и младиот Леви Колвил.
Челси денеска ја продолжи соработката со капитенот Цезар Азпиликуета на уште две сезони, а го официјализираше и трансферот на Чуквуемека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

