Заминувањето на Барзилецот Нејмар од Пари Сен Жермен е најголемата сага во овој летен преоден рок, заедно со евентуалното заминување на Пол Погба од „Олд Трафорд“. И се чини дека полека се наоѓа решение за проблемот. Нејмар би можел да пристигне на позајмица во Реал Мадрид за претстојната сезона, со опција за комплетно откупување на договорот за 200 милиони евра.
ПСЖ го понуди Нејмар на Реал Мадрид затоа што не сака да го врати назад во Барселона, но „кралевите“ не сакаат веднаш силно да „загризат“ и да ја платат целата сума. Флорентино Перез договорил едногодишна позајмица, фудбалерот е согласен и на драстично намалување на платата која во ПСЖ му изнесува 35 милиони евра годишно, а последниот збор треба да го има тренерот Зинедин Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА