Сагата продолжува: Партизан не му дозволува на Кабокло да замине, го казни и финансиски

Кошаркарскиот клуб Партизан и ова лето е во центарот на вниманието поради сага. Таа се однесува на бразилскиот центар Бруно Кабокло со кој белградскиот евролигаш води „отворена војна“.

Откако во текот на вчерашниот ден агентот на Кабокло изјави дека неговиот кошаркар ќе замине од Партизан поради неисплатени долгови, денеска се огласија и „црно-белите“ кои со соопштение порачаа дека тој добил казна од пет месечни плати поради тоа што го напушти клубот сред сезона за да и се посвети на репрезентацијата.

Но, и покрај тоа Кабокло ќе остане дел од Партизан и следната сезона со тоа што српскиот тим ќе ја искористи опцијата за продолжување на неговиот договор.

Кабокло го засили Партизан изминатото лето и беше значаен дел од тимот постигнувајќи просек од 9.4 поени и 4.0 скокови на 27 одиграни натпревари во Евролигата.

Се вчитува...