Повредата што Сандер Сагосен ја заработи на денешниот дуел меѓу Кил и Хамбург е многу сериозна и норвешкиот „бомбардер“ ќе паузира од терените до крајот на оваа 2022 година.
Информацијата ја потврди клупскиот доктор на Кил, Франк Прајс, наведувајќи дека станува збор за фрактура на зглобот и кинење на лигаментите.
„При ваков вид на повреди, вообичаената пауза изнесува меѓу шест и осум месеци“, истакна Прајс.
Сандер Сагосен ќе го пропушти и првиот дел од следната сезона, а речиси сигурно нема да биде „фит“ ниту за претстојниот светски шампионат, закажан за јануари 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

