Сагосен мора на нова операција, го пропушта СП 2023 и дуелот со Македонија

Селекцијата на Норвешка, која е главен фаворит во групата на МАкедонија на СП 2023 ќе биде значително ослабена поради неиграњето на својот најдобар ракометар, Сандер Сагосен.

Асот на Кил заработи тешка повреда на зглобот поради која мораше да биде опериран и се предвидуваше пауза од минимум шест месеци. Ситуацијата дополнително се искомпликува откако рутинската контрола утврдила дека првата операција не била успешна, па Норвежанецот ќе мора наскоро повторно да замине „под нож“.

Новата операција ќе значи пауза од минимум шест месеци, а со оглед на фактот дека ракометниот мундијал е закажан за јануари, јасно е дека Сагосен нема да ризикува со настап на најголемото натпреварување по една така долга пауза.

Покрај Норвешка, ривали на Македонија во групната фаза во Краков ќе бидат уште и селекциите на Аргентина и на Холандија.

Се вчитува...