Саха: Јунајтед веќе го доби најголемото засилување ова лето, се чека само одлуката на Роналдо!?

Луис Саха редовно ги следи случувањата во Манчестер Јунајтед, па речиси секој летен преоден рок дава своја анализа за тимот на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед донесе неколку засилувања по мерка на холандскиот стручњак, Тен Хаг, но порашениот голгетер смета дека тренерот е убедливо најголемото засилување кое го добива тимот ова лето, без оглед кој пристигна и кој ќе замине до крајот.

„Тен Хаг е најголемото засилување за Јунајтед. Играчите беа надвор од форма, а сега со него се враќаат во посакуван ритам и изгледаат посилно и поизбалансирано. Ќе уживав да играм за ваков тренер, изгледа дека има јасни идеи, но изгледа и сака да ги слуша идеите на играчите од кои постојано бара да се подобрат. Се гледа дека и играчите уживаат да играат за него. До овој момент, тежок дел и оној кој загрижува е Кристијано Роналдо. Не знам дали не е среќен, или не е задоволен од гаранцијата која ја добил. Сепак, во случај да остане, тој се уште има уште 25-30 гола по сезона и заедно со Тен Хаг би правеле извонредни работи“, изјави Саха.

Се вчитува...