Манчестер Јунајтед има сериозен проблем во навалната линија, Рашфорд е далеку од ланската форма, додека скапо платениот платениот Хојлунд дури пред десетина дена го постигна првиот премиерлигашки гол сезонава.
Поранешниот ас на Јунајтед, Французинот Луис Саха, им порача на челниците на клубот да не размислуваат и да тргнат во офанзива за да го доведат Карим Бензема на „Олд Трафорд“. Францускиот ветеран минатото лето си замина од Реал Мадрид и потпиша за Ал Итихад, тој е незадоволен во новиот клуб, па Јунајтед би можел да се обиде да го ангажира барем на позајмица до крајот на сезонава.
„Јунајтед има проблем а Карим Бензема е решението. Ако Карим дојде во Манчестер, тој целосно ќе го промени нападот на екипата, а токму тоа е неопходно на „црвените ѓаволи“ во моментов. Бензема е играч што постигнува многу голови, но и што креира подобра тимска игра со своето движење во текот на целиот натпревар. Во моментов е само сон, но Карим е голем професионалец и верувам дека би бил од огромна помош за Манчестер Јунајтед ако дојде до ваков трансфер“, порача Саха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА