Сахин: После бомби, кој би можел да се фокусира на фудбал?!

Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Нури Сахин, по вчерашниот натпревар против Монако не можеше да ги сокрие солзите, откако автобусот во кој се наоѓаше неговиот тим беше нападнат непосредно пред мечот во Лигата на шампиони. Tурскиот  интернационалец, потресен од ситуацијата, изјави дека по инцидентот воопшто не му било до играње фудбал, како и сите негови соиграчи, умствено бил отсутен на теренот речиси цел натпревар.

„Вакви случки сум гледал на телевизија, нечовечки работи кои се случувале далеку од мене и секогаш исто ме потресувале. По она што ни се случи нас, почувствувавме како е да се биде во таква ситуација и не би му го посакал никому. Се освестив дури кога дојдов дома. Кога ги видов вестите, сфатив колку сме имале среќа. Бартра настрада, но можеше да се случи поголема катастрофа. Фала му на Бога што сите сме живи“изјави Нури Сахин.

Тренерот на „милионерите“, Томас Тухел, по натпреварот ја нападна УЕФА изјавувајќи дека тимот добил порака УЕФА, од Швајцарија, дека натпреварот мора да се одиграат, без разлика на настаните и на ситуацијата.

„Знам дека фудбалот е важен за нас. Ние го сакаме и живееме за фудбалот, но кога ќе се случи таков напад, јасно е дека има и поважни работи од оваа игра, а тоа е безбедноста на луѓето и нивните животи. Заработуваме многу пари, ги забавуваме луѓето низ целиот свет, но исто така сме и човечки суштества, а вчера никому не му се играше фудбал, без разлика за каков меч станува збор. Никогаш нема да ги заборавам лицата на моите играчи, на Шмелцер кој седеше до мене и виде што му се случи на нашиот другар Бартра“ – додаде Сахин.

Марк Бартра помина со исекотини на раката, болничките служби интервенираа, па Шпанецот мораше да замине на операција.

Се вчитува...