Сензационална вест денеска го окупираше светот на спортот со трансферот на 39-годишниот Луис Хамилтон, кој од следната сезона ќе вози за Ферари.
Седумкратниот светски шампион и најуспешен возач на сите времиња по број на победи (103) ќе го напушти Мерцедес на крајот од оваа година, иако има важечки договор до крајот на 2025 година. Тоа значи дека италијанскиот гигант ќе ја активира неговата откупна клаузула.
Од спортска страна секако помогна фактот што Мерцедес го загуби приматот над Ред Бул, а минатата сезона тие се бореа со нив до последната трка за второто место во редослед на конструктори. Хамилтон заврши на третото место кај возачите, зад Ферстапен и Перез, а пред Алонсо и Леклер, но без ниту една победа во сезоната.
Клупски колега на Хамилтон ќе биде Шарл Леклер, што значи дека за Карло Сајнц повеќе ќе нема место во Ферари. Шпанецот сам се огласи по објавата за трансферот на Хамилтон во Ферари.
„Следејќи ги денешните вести, Ферари и јас повеќе нема да бидеме заедно од крајот на 2024 година. Пред нас се уште е долга сезона, а како и секогаш ќе дадам се за тимот и за навивачите ширум светот. Новите информации за мојата иднина ќе ги објавиме наскоро“ – соопшти Сајнц.
— Carlos Sainz (@Carlossainz55) February 1, 2024
Веќе се шпекулира дека Сајнц ќе го наследи Хамилтон во Мерцедес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА