Ерата на шпанскиот Формула 1 возач Карлос Саинц во Ферари која започна во 2021 година завршува со крајот на сезоната. Неговото место ќе го наследи Луис Хамилтон, а тој ќе премине во редовите на Вилијамс.
Говорејќи за медиумите тој ја откри целта кој ја има до крајот на сезоната, а тоа е победа, и не само поради тоа што заминува од трофејниот тим.
„Најголем приоритет ми е да славам уште една победа со Ферари пред да заминам. Тоа ми е главна преокупација и не само поради тоа што заминувам од Ферари, туку затоа и што сакам да победам на секоја трка на која се натпреварувам. Има уште една третина до крајот на сезоната, кога ќе видите тоа не е малку. Има три спринта и уште многу тркање“, вели Саинц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА