Саинц се огласи по повод ангажманот на Хамилтон во Ферари

Шпанскиот возач Карлос Саинц по крајот на престојната сезона во Формула 1 шампионатот заминува од редовите на Ферари. Оваа вест доби потврда по официјализирањето на соработката помеѓу италијанскиот тим и Луис Хамилтон која вчера како бомба одекна во најбрзиот шампионат на светот.

Саинц испрати офиицјално соопштение на социјалните мрежи каде го потврди заминувањето, но му вети на тимот и на фановите на Ферари дека ќе даде се од себе во престојните трки.

„Јасно е дека јас и Ферари се разделуваме на крајот на 2024 година. Меѓутоа долга е сезоната пред нас. Како и секогаш, ќе дадам се од себе за тимот и навивачите ширум светот. Веста за мојата иднина ќе биде објавена на време“, стои во соопштението на Саинц.

Новата сезона во Формула 1 шампионатот започнува на крајот на овој месец со Големата награда на Бахраин.

Се вчитува...