Саинц триумфираше во Мексико, Норис му се приближува на Ферстапен

Карлос Саинц е победник на трката за ГН на Мексико откако возачот на Ферари извозе одлична трка, успевајќи да ја претвори вчерашната пол-позиција во голем триумф.

Шпанскиот возач ја остави зад себе конкуренцијата, а малку недостигаше Ферари да слави еден – два победа, ако се знае дека Саинц долго време веднаш зад себе го имаше тимскиот колега Шарл Леклер. Сепак, на десетина круга до крајот Ландо Норис опасно изврши притисок врз Леклер, возачот од Монако „киксна“ и за момент излета од патеката, успеа да се врати и на крајот го освои само третото место.

Норис со ова одлично возење и второто место уште повеќе ја намали негативата зад лидерот Макс Ферстапен, кој денеска заврши како шестопласиран откако доби две казни од по 10 секунди низ боксот порадиповторено истуркување на друг болид од патеката.

Пред Ферстапен се најдоа и двајцата возачи на Мерцедес, Луис Хамилтон на четвртото и Џорџ Расел на петтото место.

Макс Ферстапен се уште е лидер во генералниот пласман со вкупно 362 бода, но Норис со новото одлично издание ја спушти разликата под 50 бода и сега има 315, пред Леклер со 291 и Пијастри со 251 освоен бод.

Се вчитува...