Возачот на Ферари, Карлос Сајнц, за шпанското издание на магазинот „GQ“ проговори за турбулентната сезона во тимот од Маринело.
Тој следната сезона ќе биде заменет со Луис Хамилтон во болидот на Ферари, но самиот Сајнц смета дека Хамилтон не е подобар возач од него.
„Искрено мислам дека Луис не е подобар возач од мене. Ако ги прашате преостанатите 18 возачи исто ќе ви одговорат. Сигурен сум дека би бил најдобриот избор за секој тим. Да го немав тој менталитет, немаше да бидам Формула 1 возач бидејќи ќе ми недостига тој натпреварувачки дух. Сите возачи би ви го кажале истото“, убеден е Сајнц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА