Возачот на Ферари, Карлос Сајнц верува дека неговиот тим се уште ги нема загубено шансите за титула сезонава како во конкуренција на возачи, така и во конкуренција на конструктори.
Воочи трката за Големата награда на Унгарија, Ферстапен има 63 бода повеќе од Шарл Леклер, додека Ред Бул води со 82 поена предност пред Ферари.
„Суштински е да почнеме да победуваме и да зимаме колку е можно поголем број поени. Имаме болид кој може да се носи со тој на Ред Бул. Имавме многу малери и верувам дека тие ќе бидат зад нас“, изјави Сајнц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА