Сајнц поради проблеми со болидот нема да настапи на трката во Катар

Пред почетокот на 17. трка во Формула 1, која ќе се вози во Катар, стигнуваат катастрофални вести за навивачите на Ферари.

Имено, Карлос Сајнц нема да може да вози на Големата награда на Катар поради проблеми со системот за гориво на болидот.

Тоа е голем удар за тимот на Ферари, кој ќе остане во Катар со само еден возач, Шарл Леклер, кој ќе стартува како петти.

Лоши вести доаѓаат и од таборот на Ред Бул. Серхио Перез ќе мора да ја започне трката од боксот поради големиот број промени на неговиот болид по вчерашната несреќа во спринт трката.

Се вчитува...