Возачот на Ферари, Карлос Сајнц ќе стартува од пол-позицијата на денешната трка за Големата награда на Мексико сити во Формула 1 која ќе се вози од 21 часот по средноевропско време.
Со двa феноменални кругa во третата сесија, стигна до пол-позицијата како единствениот возач кој успеа да го спушти времето под 1:16 минути за круг, надминувајќи го светскиот шампион Макс Ферстапен со Ред Бул за 0,225 секунди кој ќе стартува од втората позиција.
Ландо Норис со Мекларен и Шарл Леклер со вториот болид на Ферари ќе бидат во вториот ред на денешниот старт, а потоа следат двајцата возачи на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон.
Во Топ 10 по квалификациите се уште и Кевин Магнусен со Хаас, Пјер Гасли со Алпин, Алекс Албон со Вилијамс и Нико Хулкенберг со вториот болид на Хаас.
Оскар Пјастри со Мекларен, кој беше најбрз на третиот слободен тренинг, денеска отпадна уште по првиот дел.
Трката за Големата награда на Мексико во Мексико сити се вози вечерва со почеток од 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА