Интер во финалниот натпревар во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, ќе биде без спонзор на дресовите. Таа шанса сака да ја искористи сајт за „возрасни“ и ќе сака да биде на дресот на миланскиот клуб во тој натпревар. За оваа „акција“ на Интер му се понудени 100 милиони евра.
Спонзорот на Интер е тргнат поради тоа што неколку пати не ги исполнил своите обврски. Поради истата причина не се најде ниту на дресот на Рома против Баер Леверкузен.
Сега во настанатата празнина се обидува да влезе сајт со порнографска содржина. Плановите се наводно долгорочни, па клубот нуди 100 милиони евра за договор до 2029 година.
Финалето во Лигата на шампионите ќе се игра на 10. јуни во Истанбул. Во Интер размислуваат на дресовите да стават една хуманитарна компанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА