Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака по втор пат е прогласен за најдобар англиски фудбалер, овој пат за сезоната 2022/23 од страна на здружението на професионални фудбалери, потврди фудбалската федерација на Англија.
Дваесетидвегодишниот напаѓач кој се најде во конкуренција со Џуд Белингем и Хари Кејн наградата ја доби на тренингот на репрезентацијата на Англија од страна на фудбалерот на Тотенхем, Џејмс Медисон.
Сака изминатата сезона настапи на 48 натпревари за Арсенал во сите конкуренции. Постигна 15 голови и забележа 11 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

