Сака и Арсенал си подадоа рака за продолжување на соработката

Репрезентативецот на Англија, Букајо Сака постигнал договор со Арсенал за продолжување на соработаката, пренесуваат медиумите на Островот. Приоритет на Арсенал беше продолжување на соработката со 21-годишниот Англичанец.

Договорот е постигнат и Сака ќе потпише петгодишен договор со неделна плата од 200.000 фунти. Така Сака ќе стане еден од најплатените фудбалери во тимот, како играч што долги години ќе биде меѓу лидерите во тимот на Артета.

 

 

Се вчитува...