Сака се повреди пред дуелот со Македонија

Букајо Сака постигна гол во триумфот на Арсенал над Севилја, но крилниот офанзивец нешто подоцна се пожали на повреда и мораше да биде заменет.

Англискиот репрезентативец би требало да биде еден од сигурните стартери на селекторот Саутгејт за претстојното гостување во Скопје и мечот со Македонија, па останува да се види дали тој ќе може да настапи в сабота за Арсенал против Барнли, а потоа и да се појави на повикот на националниот тим.

Микел Артета не може да смета на Хесус и Одегард, па јасно е зошто му е од големо значење барем Сака да биде подготвен за последниот дуел пред репрезентативната пауза.

„Како што напредува и се развива како играч, така Сака добива се повеќе удари во пределот на зглобот, и тоа нема да се промени. Не се чувствуваше најдобро и решивме да го замениме, да не ризикуваме. Се надевам дека ќе биде ОК, но да ги почекаме резултатите од прегледите“, изјави Артета по мечот со Севилја.

Се вчитува...