Сака: Се уште е рано да говориме за титула во Премиерлигата

Фудбалерите на Ливерпул и Арсенал одиграа без победник 1-1 во дерби натпреварот на 18. коло во англиската Премиерлига.

Еден од најдобрите фудбалери на „топчиите“ Букајо Сака по мечот изјави дека можеби неговиот тим можел да дојде и до триумф, но дека иако се лидери на табелата се уште е рано да се говори околу освојување на англискиот шампионат.

„Не можеме се уште да говориме околу освојување на титулата. Се уште е прилично рано да се разговара за тоа. Задоволни сме со бодот и тоа што на Божиќ сме на врвот на табелата. Сепак, се уште е рано за било какви разговори околу титулата“, изјави Сака. 

Се вчитува...