Контроверзниот сопственик на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос изјави дека би сакал да може да го доведе Никола Јокиќ во својот тим.
Тој за грчките медиуми зборуваше за најдобриот светски кошаркар и призна дека се вратил на гледање НБА само поради Јокиќ.
„Престанав да ја гледам НБА по пензионирањето на Мајкл Џордан. Причината поради која повторно ја гледам е Никола Јокиќ. Кога би можел, би го донел во мојот тим. Но, последниот договор на Јокиќ беше „тежок“ 120.000.000 долари, па мислам дека тоа не е можно. Сепак, секако посакувам да беше“, изјави Јанакопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА