„Сакам Дончиќ на првиот меч против Далас да постигне 100 поени“

По шокантната размена меѓу Далас и Лос Анџелес Лејкерс и преселбата на Лука Дончиќ во редовите на „езерџиите“ со крајно нетрпение се очекува натпреварот меѓу двата тима кој на програмата е на 26 февруари и ќе се игра во Лос Анџелес. Тогаш Дончиќ за првпат ќе се соочи против своите поранешни соиграчи.

Нема кој, во САД и во Европа, не го коментира неочекуванит трејд. Меѓу сите оние кои останаа изненадени е и поранешниот НБА кошаркар, а сега член на управниот одбор на Партизан, Саша Павловиќ.

„Цела НБА лига и сите со кои разговарав се шокирани. Силно посакувам Лука во првиот натпревар против Далас да постигне 100 поени и така да го демонстрира својот револт. Дончиќ е навистина одлично момче, го однесе Далас во финалето, сруши многу рекорди и покажа дека може да го води тимот до титула. Од она што го познавам лично знам дека сега ќе биде силно мотивиран за битката против Далас“ – истакна Павловиќ.

Според објаснувањата од Далас, откажувањето од Дончиќ е најмногу поради неговата физичка форма и вишокот килограми, кои биле несоодветни за еден НБА кошаркар.

Се вчитува...