Последниот ден од преодниот рок вообичаено носи бројни возбудувања во НБА-лигата, а исклучок не е ниту овогодинешното затворање на трансферите во најсилната лига на светот.
Сакраменто е меѓу најактивните клубови, откако „кралевите“ пред неколку дена го доведоа Зек Лавин од Чикаго, но останаа без еден од своите најдобри кошаркари, Деарон Фокс, а управата на Сакраменто успеа да заврши уште еднаш голема работа носејќи го Јонас Валанчиунас како најново заислување за центарската позиција.
Литванецот доаѓа на барање на својот сонародник Дамантас Сабонис, кој лобираше потрагата по нов центар да заврши токму со потпис на Валанчиунас, кој пристигна од Вашингтон во размена за младиот Французин Сиси Сисоко и два пика од втората рунда на драфтот.
Искусниот 32-годишен центар сезонава потпиша тригодишен договор со Вашингтон за сума од 30 милиони долари, а досега во дресот на овој тим бележеше бројки од 11,5 поени, 8,2 скокови и 2,2 асистенции по натпревар
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

