Сала бил натеран да се качи на кобниот лет?!

За пријателот на Емилијано Сала, Максимилијано Дуарте, нема дилеми кој е виновникот за авионската несреќа на новото засилување на Кардиф. Тоа е фудбалскиот агент Вили Мекеј, кој самиот му го обезбедил авионот на фудбалерот, иако Сала во прв момент барал комбинации за комерцијални летови за преку викендот да отпатува од Кардиф до Нант и да се врати назад во Велс.

„Постои голема вистина зад целиот случај, своевиден заговор бидејќи Емилијано никогаш и не сакаше да се качи во тој авион, како да знаеше дека не е сигурен. Сепак, беше натеран, мораше да го стори тоа, да го прифати она што му е наредено, бидејќи е професионален фудбалер. Тој што му наредил ќе се препознае“ – истакна Дуарте за аргентинските медиуми.

Спасувачките тимови обелоденија дека е пронајдено тело во урнатината од авионот, но се уште се врши идентификација дали останува збор за Сала или пак за пилотот што го управуваше леталото.

Се вчитува...