Сала починал од повреди на главата и на градите

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала починал од повреди на главата и на градите во авионската несреќа што го потресе фудбалскиот свет во изминатите неколку недели. Истрагата покажа дека телото е идентификувано со отпечаток од прст, а смртта настанала поради големите повреди по падот на авионот во морето.

„Причините на смрттта настанале поради повреди на главата и на градите. Патолошкиот наод покажал дека кобни биле повредите на главата и на трупот. Целосната истрага за падот на авионот ќе продолжи и во наредниот период од 12 месеци. Извештајот ќе ги изнесе сите причини за несреќата“, открива „Wales Online“.

Телото на Дејвид Иботсон се уште не е пронајдено.

Се вчитува...