Управата на Кардиф му понудила, но Емилијано Сала одбил тие да му го организираат патувањето и сам го букирал летот со тип на авион кој досега се уривал 160 пати. Овој податок се појави откако експерти за авијација денеска објаснуваа дека типот на авион „Пајпер Малибу“ е исклучително ризичен и многу често имал несреќи. 55 од овие несреќи имале фатален крај за патниците и членовите на екипажот.
Експертите за авијација покрај ризичноста на типот на авионот, потенцираат и дека крајно спорна била одлуката за ноќен лет со едномоторен авион, и тоа преку вода во зимски услови.
За конкретниот авион со кој исчезна Сала потврдено е дека имал четири неуспешни обиди за полетување пред да тргне на кобното патување.
Авионот набрзо по полетувањето беше загубен од радарите и прогласен за исчезнат. Веќе втор ден британските спасувачки служби се обидуваат да го најдат. Официјален претставник на истрагата изјави дека нема надеж Сала да биде пронајден жив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА