Мохамед Салах не го криеше разочарувањето откако Арне Слот го остави на клупата за време на целиот меч од синоќешното реми против Лидс.
Ова беше прв пат во неговата кариера во Ливерпул тој да биде резерва на три меча во низа на „црвените“, па очекувано најголемата ѕвезда го крена гласот, меѓу другото и против тренерот Арне Слот.
„Не можам да поверувам што ми се случува. Седам 90 минути на клупата, три меча по ред сум резерва, ова ми се нема случено во кариерата. Секако дека сум разочаран, имам направено толку многу за овој клуб, особено ланската сезона. Се чувствувам како клубот да ме „фрла под автобус“, да ме прикажува како виновник за слабите резултати“, истакна Салах.
Тој минатото лето можеше без отштета да ги смени клупските бои, но реши да остане потпишувајќи нов договор со Ливерпул. Сега, „фараонот“ не е толку сигурен дека ќе остане на „Енфилд“ до истекот на тој договор.
„Ми ветуваа се и сешто, а сега покажуваат со прстот кон мене. Слободно можам да кажам дека не ги одржаа ветувањата што ги дадоа. Многу пати имам повторувано дека имам одличен однос со тренерот, а сега одеднаш немаме никаков однос, не знам зошто. Се повеќе ми се чини дека некој не ме сака во клубот, сака што поскоро да си заминам“, прокоментира најдобриот стрелец во премиерлигашката историја на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

