Ливерпул славеше над Манчестер сити со 2-1 на контролниот натпревар одигран во Њу Џерси, меч на кој својот камбек во дресот на „црвените“ го имаше Мохамед Салах.
Сити прв дојде во водство со голот на Сане, за потоа Салах веднаш по влегувањето во игра, по само 52 секунди на теренот со прецизен удар со глава да го матира Џо Харт. Египќанецот потоа имаше уште две стопроцентни шанси, еднаш ја погоди гредата, за на крајот конечните 2-1 да ги постави Садио Мане од пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА