Мохамед Салах е подготвен да ги отфрли сите понуди кои пристигнуваат на негова адреса и да потпише нов договор со Ливерпул, со што би останал уште долго на „Енфилд роуд“. Реал Мадрид ја предводи листата на клубови кои покажуваат сериозен интерес за египетскиот ас, но Салах се чувствува среќен во Ливерпул и веќе ставил до знаење дека нема намера да ја менува средината.
Челниците на клубот се свесни дека Салах со своите клубови и во иднина ќе го привлекува вниманието на гигантите, па подготвуваат и нов договор за својот најдобар играч. Како што најавуваат англиските медиуми, веќе е подготвен договор за плата од 200.000 фунти неделно, што ќе значи повеќе од двојно зголемување на заработувачката на Салах на „Енфилд роуд“, со уште побогати бонуси за секој постигнат гол на египетскиот ас во дресот на „црвените“.
Ливерпул не сака да му се повтори случајот со Филипе Кутињо и ќе стори се за да го задржи Салах што подолго во своите редови, но за тоа да се случи „црвените“ ќе треба час поскоро да почнат сериозно да се борат за трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА