Салах е еден од најдобрите фудбалери во Премиер-лигата, но според платата не е ниту во „топ 10“

Египетската ѕвезда Мохамед Салах, фудбалерот на Ливерпул е еден од тројцата најдобри фудбалери во англиската Премиерлига, кој веќе неколку години игра на највисоко ниво, но според платата не е ниту во Топ 10.

Салах на лето ќе влезе во последната година од договорот со „црвените“ и првиот обид за продолжување на соработката беше неуспешен, зашто Египќанецот бара повеќе пари од Ливерпул, иако многупати досега истакнуваше дека не се гледа на ниту едно друго место надвор од Енфилд роуд.

Англиските медиуми веќе објавија дека дури 13 фудбалери кои моментно играат во Премиер-лигата се поплатени од него, а Салах има неделни 200.000 фунти или годишни 10,4 милиони фунти.

Повеќе од двојно од Салах има најплатениот Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед) со 26,5 милиони и Кевин де Брајне (Манчестер сити) со 20,8 милиони фунти, а следат Давид Де Хеа (Манчестер јунајтед) со 19,5 милиони, Џејдон Санчо (Манчестер јунајтед) со 18,2 милиони, Рафаел Варан (Манчестер јунајтед) со 17,7 милиони, Ромелу Лукаку (Челси) и Рахим Стерлинг (Манчестер сити) со по 15,6 милиони, Нголо Канте (Челси) и Пол Погба (Манчестер јунајтед) со по 15 милиони, Тимо Вернер (Челси) со 14,1 милион, Единсон Кавани (Манчестер јунајтед) и Џон Стоунс (Манчестер сити) по 13 милиони, како и Вирџил Ван Дијк, соиграчот на Салах со 11,4 милиони евра.

Се вчитува...