Салах е класа: Го стигна Анри, следен е Лампард…

Мохамед Салах ја продолжи голгетерската серија со успешно реализираниот пенал на дербито со Манчестер Јунајтед, со што египетскиот ас стигна до фантастично остварување – 175 гола во Премиер-лигата и израмнување во оваа категорија со легендарниот Тиери Анри.

За Салах ова беше 18. погодок на 19 одиграни средби во Премиер-лигата, за да стигне до бројката на Анри со која се израмни на делба на седмото место на вечната листа на стрелци во елитното англиско фудбалско друштво. На Анри му беа потребни 24 средби помалку за да стигне до оваа бројка, но само прашање на ден е кога Салах целосно го мине Французинот на оваа листа.

Веднаш потоа Салах ќе го нападне Френк Лампард, кој во моментов има само два гола повеќе од Анри и од „фаронот“ на Ливерпул.

Доколку продолжи во сличен голгетерски ритам, асот на „црвените“ би можел до крајот на сезонава да се искачи и на четвртото место на вечната листа на премиерлигашки стрелци, ако се знае дека Серхио Агуеро во моментов има девет гола повеќе од Салах, а Енди Кол на четвртото место „само“ 12 погодоци повеќе од најдобриот фудбалер во Премиер-лигата оваа сезона.

Тој ќе има шанса да го стигне Лампард веќе во наредното коло закажано за 15 јануари, кога Ливерпул ќе му гостува на тимот на Нотингем Форест.

Се вчитува...