Мохамед Салах е дефинитивно фудбалската приказна на годината во Европа.
Одличниот напаѓач на Ливерпул веќе во првата сезона стекна култен статус на Енфилд, откако во 41 натпревар за „црвените“ постигна 36 гола, дополнети и со 12 асистенции.
Но, освен на теренот Салах воодушевува и надвор од него. Во ордниот Египет постојано со милионски износи му помага на своето родно село. Неодамна на една египетска детска болница и донираше половина милион фунти.
Во средата беше дел и од една акција на Ливерпул на извонреден начин изненадувајќи ги најмладите навивачи. Клубот организираше лажно натпреварување за детски коментатори нагласувајќи им дека најдобраата двојка коментатори ќе добие можност да го запознае Мохамед Салах. А, тоа што не го знаеја е дека че добијат можност да се дружат со својот идол…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА