Мохамед Салах со еврогол во второто полувреме се извади за промашениот пенал во финишот од првиот дел од синоќешниот реванш со Галата, но големиот ас потоа се најде во центарот на вниманието откако беше заменет од Арне Слот, по што директно се упати кон соблекувалната наместо кон клупата за резерви.
Јавноста се потсети на неговиот конфликт со Слот од пред крајот на 2025 година, но холандскиот стратег јасно стави до знаење дека тоа овојпат не е случај откривајќи проблематична вест за Ливерпул – Салах е повреден.
„Не постои никаков проблем. Тој самиот побара да биде заменет. Станува збор за повреда, затоа и тргна директно кон соблекувалната. Каква е повредата, навистина не знам, ќе ги почекаме лекарските прегледи за да видиме за што станува збор“, истакна Арне Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

