Салах е причината зошто Ливерпул го загуби финалето против Њукасл

Последните два натпревари за Ливерпул донесеа крах на „сезоната од сништата“. Поразот од ПСЖ значеше елиминација во осминафиналето од Лигата на Шампионите, а поразот од Њукасл Јунајтед загубен трофеј во Карабао куп.

Приметно на двата натпревари беше скромната улога на Мо Салах, еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул оваа сезона. Британската спортска компанија за аналитика „Опта“ по финалниот натпревар изнесе и еден поразителен факт за Египјанецот.

Имено, прв пат во кариерата Мохамед Салах не се обиде да шутира, ниту да креира шанса во меч во кој настапил во сите 90 минути. „Некарактеристично“, стои во објавата на „Опта“.

Се вчитува...