Раководството на клубот од Мерсисајд вложи крајни напори да го задржи Мохамед Салах во своите редови, но сепак, двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик и се чини дека спортскиот сектор на „црвените“ полека се помирува со фактот дека ќе останат без првата ѕвезда на тимот.
Инсајдерот Мигел Рико изјави дека гласините за вмешаност на Реал и Барселона во целата приказна не се точни, бидејќи шпанските гиганти се информирани дека Египќанецот веќе договорил преселба на тлото на Саудиска Арабија.
Оваа информација не значи дека е познато името на новиот клуб на Салах, бидејќи Министерството за спорт на оваа западноазиска земја одлучува за аквизиции на големи спортски ѕвезди и нивно доделување на тимови.
Големата четворка ја сочинуваат Ал-Хилал, Ал-Наср, Ал-Ахли и Ал-Итихад, па актуелниот водечки стрелец и асистент на Премиерлигата следната сезона би можеле да го гледаме во еден од овие тимови. Мохамед Салах постигна 18 гола и додаде 13 асистенции на 20 натпревари во Премиерлигата сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА