Најдобриот фудбалер на Ливерпул во Премиерлигата оваа сезона, Мохамед Салах е во последната година од договорот со клубот.
Иако има 32 години и има импресивни бројки (21 гол и 13 асистенции во Премиерлигата), неговиот престој во Ливерпул не е сигурен. Добриот пријател на Салах, поранешниот хрватски репрезентативец Дејан Ловрен ја коментираше неговата ситуација во тимот од „Енфилд роуд“.
„Салах верува дека има некои работи што недостигаат кога е во прашање клубот, но се надевам дека се ќе се реши наскоро. Но, реалноста е поинаква, тој е поблиску до заминување отколку да остане на Енфилд. Дојдов до заклучок дека клубот не го почитува доволно или не толку колку што мисли дека заслужува, но тоа е друга страна на приказната. Сè што се случува, се случува зад сцената. Тој навистина го сака Ливерпул и сака да остане, а тоа е најважниот дел, можеби ќе може да се види себеси таму се до пензија“, рече Ловрен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

