Амбициозниот фудбалски проект во Саудиска Арабија не планира да застане по бројните мегатрансфери од минатиот преоден рок. Еден од оние што Арапите не успеаја да го доведат е Мохамед Салах, за кого беше нудено богатство од 150 милиони фунти на Ливерпул, но англискиот клуб без размислување ја одби оваа понуда.
Тоа се покажа како правилен потег, Ливерпул моментно е лидер на табелата, а Салах е најдобар стрелец на тимот на Јирген Клоп, покажувајќи дека се уште е меѓу најдобрите фудбалери во светот.
Директот за фудбал на лигата ан Саудиска Арабија, Мајкл Еменало (инаку екс-директор на Челси), во интервју за Скај Спортс најави дека во јануари не треба да се очекува никаква офанзива по Салах.
„Салах е на нивото на Меси, Бензема, Роналдо, Де Бруине… сите тие се играчи што кога се достапни на пазарот, секако дека ние сме заинтересирани. Сепак, во случајот на Мо Салах, тој е среќен во европски гигант каков што е Ливерпул. Ние го почитуваме тоа и затоа воопшто нема да испраќаме понуда, не сакаме да вршиме никаков притисок, за да дојде до трансфер тоа треба да биде од корист на сите страни, а во случајот и фудбалерот и неговиот сегашен клуб воопшто не се заинтересирани. Тоа е крај на приказната “, изјави Еменало.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА