Египетскиот интернационалец Мохамед Салах, го напушти репрезентативниот камп на Египет и ќе паузира од следните натпревари во Африканскиот куп на нации поради повреда. Салах се врати во Ливерпул каде ќе ја продолжи рехабилитацијата.
Иако се очекуваше Салах да остане во Ливерпул и после одвивњето на целиот рехабилитационен процес, сепак, од египерската федерација истакнаа дека го очекуваат назад, доколку Египет избори пласман во полуфиналето.
„Во договор со Ливерпул, одлучивме Салах да се врати во својот клуб, каде што ќе го продолжи процесот на рехабилитација на повредената нога. Се надеваме дека ќе ни се приклучи во полуфиналето“, велат од фудбалската федерација на Египет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА