Салах го носи Ливерпул кон титулата, го прескокна и Лампард на вечната листа стрелци

Ливерпул продолжува да чекори кон шампионската титула во Премиер-лигата откако „црвените“ стигнаа до уште една значајна гостинска победа, над Борнмут со резултат 0-2. Борнмут играше одлично во последно време (немаше пораз на последните 11 средби), минатото коло го декласираше второпласираниот Нотингем Форест со 5-0, но Ливерпул повторно прикажа одлично издание во кое во преден план беше Мохамед Салах.

„Црвените“ поведоа со пеналот што го реализираше Салах по прекршокот врз Гакпо, а при 0-1 домаќините пропуштија зицер откако Таверние го погоди директор, а Клајверт пред себе имаше празна мрежа, но холандскиот интернационалец шутираше непрецизно од седум-осум метри. Казната стигна на спротивната страна откако Салах ја демонстрираше својата класа со нов фантастичен гол, за печат на победата.

Воедно, со двата гола на денешниот меч Салах го прескокна Френк Лампард и „фараонот“ моментно се наоѓа осамен на шестото место на вечната листа на стрелци во Премиер-лигата со 178 погодоци во елитното англиско фудбалско друштво.

Њукасл беше шокиран на домашен терен од Фулам (1-2), и тоа по пресврт во второто полувреме. „Црно-белите“ имаат за што да жалат ако се знае дека водеа со 1-0 и промашија неколку стопроцентни шанси, а казната стигна во вториот дел во кој Хименез и Муњиз ги однесоа трите бода во Лондон.

Евертон игра далеку подобро по доаѓањето на Дејвид Мојес на клупата, па „сините“ попладнево лесно и убедливо славеа над Лестер со 4-0.

Во дербито на дното, Саутемптон како гостин го совлада Ипсвич со 1-2 со головите на Арибо и на Ануачу.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...