Салах го одигра својот 100-ти натпревар за Египет (ФОТО)

Мохамед Салах е единаесеттиот фудбалер на Египет со 100 или повеќе натпревари за националниот тим.

Јубилејниот свој натпревар против селекцијата на Боцвана го заокружи со гол и убедлива победа од 4-0 на Егпет. Досега има и 56 гола за националниот тим.

Напаѓачот на Ливерпул постигна гол во 56. минута за водство од 3-0 во тие моменти на својата репрезентација. Трезеге ги постигна првите два гола за Египет, а конечниот резултат го постави Фати во 94. минута.

Египет со две победи ги започна квалификациите за Африканскиот куп на нации.

Се вчитува...