Ливерпул ќе биде значително ослабен и за денешното гостување против Нотингем Форест откако Мохамед Салах ја загуби трката со времето за да може да настапи на овој меч.
Египетскиот ас се повреди на камбекот на дуелот со Брентфорд, потоа не настапи против Челси и Саутемптон, но Клоп се надеваше дека тој би можел да му помогне на денешниот дуел со „шумарите“. Сепак, Салах ниту вчера не се појави на тренингот на Ливерпул, по што стана јасно дека нема да биде во тимот на овој натпревар. За разлика од него, Собослаи и Дарвин Нуњез тренираа вчера и ќе бидат во комбинација за настап во Нотингем.
„Мо Салах нема да може да игра со Нотингем. Беше блиску, но не успеавме да го рехабилитираме целосно. Најверојатно ќе биде фит за следниот меч, останува да видиме. Собослаи и Дарвин тренираа, да видиме каква ќе биде нивната реакција па ќе одлучиме“, изјави Клоп.
Во следниот меч „црвените“ го играат големото дерби на домашен терен со Манчестер Сити, па јасно е зошто Клоп не сака да ризикува со евентуална нова повреда на својот најдоар фудбалер пред пресметката со главниот ривал за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА